ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ ЌЕ ДОБИЈАТ 100 ЛИЦА СО ТЕЖОК ФИЗИЧКИ ХЕНДИКЕП, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ ЌЕ ДОБИЈАТ 100 ЛИЦА СО ТЕЖОК ФИЗИЧКИ ХЕНДИКЕП, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАОд работилницата за политичко учество на лицата со попреченост што се оддржа лани во октомври во Собрание. (Фото:СДК.МК)

    Лични асистенти годинава ќе добијат 100 лица со тешка или најтешка физичка попреченост, како и лицата со целосно оштетен вид. Ваква одлука на денешната седница донесе Владата на предлог на Министерството за труд и социјална политика за обезбедување персонална асистенција за лицата со попреченост.

    „Оваа услуга за прв пат се воведува во Македонија и целосно е финансирана од буџетот. Со оваа програма се обезбедува персонална асистенција за лица од 18 до 64 години, а личните асистенти ќе им помагаат при извршувањето на секојдневните лични и домашни активности, при посета на високообразовни институции, неформално образование, професионална рехабилитација или поддршка на работно место“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Асистентите ќе бидат лица кои имаат сертификат за завршена обука за лична асистенција, верифицирана од јавната установа Центар за образование на возрасни.

    „Во оперативниот план за мерки и услуги за вработување за 2018 година се предвидени средства за обука на 100 невработени лица“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    За реализација на програмата издвоени се 17.500.000 денари од буџетот на Министерството за труд и социјална политика.

    „Преку програмата за општинско корисна работа, на почетокот на учебната 2017/18 година обезбедивме средства за ангажирање на 106 образовни асистенти и 34 лични асистенти за деца кои посетуваат настава, со што е зајакната и поддршката на децата со попреченост во образовниот процес“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира