ЛИДЕРОТ НА БЕСА БИЉАЛ КАСАМИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА КАКО ПРАТЕНИК ОТИ СЕ КАНДИДИРАШЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ТЕТОВО

    ЛИДЕРОТ НА БЕСА БИЉАЛ КАСАМИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА КАКО ПРАТЕНИК ОТИ СЕ КАНДИДИРАШЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ТЕТОВОВо трка за градоначалничката фунцкија во Општина Тетово се петмина кандидато. - Биљал Касами (Фото: Фејсбук/Биљал Касами)

    Лидерот на Движењето Беса Биљал Касами денеска поднесе оставка како пратеник во Собранието и кажа дека го направил тоа за да стане градоначалник на Општина Тетово.

    „Ја потпишав мојата оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија. Ми беше чест речиси една година да им служам на албанските граѓани на Македонија и со задоволство денеска поднесов оставка да го прифатам новиот предизвик, да ја предводам Општина Тетово, да им служам на сите тетовци“, објави Касами на Фејсбук.

    Противкандидати на Касами во Тетово ќе му бидат актуелната градоначалничка, Теута Арифи од ДУИ, Аднан Незир од Алијансата за Албанците, Бардуљ Даути од ДПА и Горан Манојловски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира