МАКЕДОНЕЦОТ СО КОРОНАВИРУС ВО ЈАПОНИЈА Е ДОБАР, ВЕЛИ ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    МАКЕДОНЕЦОТ СО КОРОНАВИРУС ВО ЈАПОНИЈА Е ДОБАР, ВЕЛИ ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕДосега на бродот кој се наоѓа на пристаништето во Јокохама, заболени од коронавирусот се 218 лица. На бродот има уште двајца македонски државјани, а сите се дел од екипажот.(Фото: АП)

    Епидемиологот д-р Гордана Кузмановска од Центарот за јавно здравје Скопје вели дека македонскиот државјанин кој е заболен од коронавирусот и се наоѓа на бродот „Дајмонд принцес“ во Јокохама, Јапонија е во добра и стабилна состојба.

    „Се работи за блага форма на заболување, меѓутоа со оглед на рутинските процедури, овој наш граѓанин е транспортиран во болница на лекување“, вели д-р Кузмановска.

    Досега на бродот кој се наоѓа на пристаништето во Јокохама, заболени од коронавирусот се 218 лица. На бродот има уште двајца македонски државјани, а сите се дел од екипажот.

    Министерството за здравство вели дека државата постапува согласно насоките од Светската здравствена организација и дека целосно се подготвени да се справат со коронавириусот.

    „Работата е целосно под контрола и во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника во нашата држава“, велат од кабинетот на министерот Венко Филипче.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира