МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА ЕВАКУИРАНА ОД ВУХАН, 14 ДЕНА ЌЕ БИДЕ ВО КАРАНТИН ВО ФРАНЦИЈА

    МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА ЕВАКУИРАНА ОД ВУХАН, 14 ДЕНА ЌЕ БИДЕ ВО КАРАНТИН ВО ФРАНЦИЈАОд градот Вухан каде се појави коронавирусот се врши масовна евекуација на странски државјани-Германски воен авион со 128 евакуирани патници вчера слета на аеродромот во Франкфурт. (Фото: Дојче Веле)

    Македонска државјанка денеска е евакуирана од кинескиот град Вухан. Од Министерството за надворешни работи соопштија дека транспортот е извршен со посредство на амбасадите на Република Северна Македонија во Пекинг и Париз. Нејзината здравствена состојба е добра, не постојат симптоми на коронавирусот, но ќе биде во карантин 14 дена.

    „Постапката на евакуацијата беше спроведена преку приклучување кон Програмата за евакуација на Франција, која за оваа намена организираше специјален лет кој што денеска слета во воена база на југот во Франција. Пред да го продолжат патот до своите матични држави, патниците ќе бидат евакуирани во помал град на југот на Франција, каде ќе подлежат на задолжителен карантин во траење од 14 дена, што е воспоставен протокол за евакуација на сите патници од Вухан“, велат од Министерството за надворешни работи.

    Од градот Вухан каде се појави коронавирусот се врши масовна евакуација на странски државјани преку специјални летови од различни земји. По евакуацијата лицата две недели се задржуваат во карантин.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира