МЕРКЕЛ ГО ПОДДРЖА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО ЗАЕВ

    МЕРКЕЛ ГО ПОДДРЖА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО ЗАЕВГерманската канцеларка Ангела Меркел и Зоран Заев за време на посетата на македонскиот премиер на Берлин на 17 мај (Фото: Влада на РМ)

    Германската канцеларка Ангела Меркел го поддржа престојниот референдум за името, во телефонскиот разговор со премиерот Зоран Заев попладнево, соопшти Владата.

    „Канцеларката Меркел ја потврди поддршката на Германија за постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција, којшто го решава долгогодишниот спор, што беше главна пречка за членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Во таа насока заеднички е заклучено дека референдумот е врвен демократски чин и одраз на определбата на граѓаните за иднината на државата“, вели Владата.

    Заев ѝ кажал на Меркел дека „Владата е силно посветена на организирањето фер, демократски и транспарентни услови за реализација на демократското изјаснување на граѓаните“, а зборувале и за конкретни чекори за зголемување на економската соработка меѓу двете држави.

    „Владата продолжува активно со реформските напори што одат во насока на исполнување на условите од заклучоците на Европскиот совет во јуни 2018 година, особено во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и реформите во јавната администрација и разузнавачките служби“ѝ кажал заве на Меркел.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари