МЕРЦЕДЕСОТ ОД 600 ИЛЈАДИ ЕВРА Е ИЗГРЕБАН ОД МАЧКИ, РЕЧЕ ЗАЕВ НА ДЕБАТАТА СО НОВИНАРИТЕ

    МЕРЦЕДЕСОТ ОД 600 ИЛЈАДИ ЕВРА Е ИЗГРЕБАН ОД МАЧКИ, РЕЧЕ ЗАЕВ НА ДЕБАТАТА СО НОВИНАРИТЕ„Се надевам дека наскоро министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе ги повика новинарите и ќе им покаже во каква состојба се наоѓа скапиот мерцедес“ - Заев на дебата во МТВ

    Мерцедесот од речиси 600.000 евра со кој се возел поранешниот премиер Никола Груевски е скриен за да не го гледа јавноста, откри вечерва премиерот Зоран Заев на дебатна емисија на јавниот сервис МТВ.

    Луксузно опремениот мерцедес од 600 илјади евра е запуштен, оставен во гаража, дел од каросеријата е изгребана од мачки,  рече премиерот Зоран Заев.

    Прашан што ќе прави со мерцедесот, Заев рече дека тој ќе се користи за странски делегации, нема да го користи ниту тој ниту министрите.

    “Ако го продаваме, тој чини 585 илјади евра. Можеме да го продадеме околу 400 илјади. Многу губиме. Затоа одлучивме тој да се користи за потребите на меѓународни делегации. Се надевам дека наскоро министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе ги повика новинарите и ќе им покаже во каква состојба се наоѓа скапиот мерцедес“,  рече премиерот Заев.

    Мерцедесот што за потребите на Владата ги купило Министерството за внатрешни работи беше откриен од прислушуваните разговори во неколку муабети што ги правеле тогашната министерка Гордана Јанкулоска со тогашниот премиер Никола Груевски и со тогашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков.

    Специјалното јавно обвинителство има покренато истрага за набавката на мерцедесот за кој има сомнежи дека бил нарачан според желбите на тогашниот премиер Никола Груевски.  На 24 јануари, СЈО соопшти дека ја отворило истражната постапка „Тенк“, во која осомничени се две лица, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а „за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер“ за набавка на „специјално возило“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира