МИЛИОНСКАТА ОГРАДА ПРЕКРИЕНА СО ПЛАТНО

    МИЛИОНСКАТА ОГРАДА ПРЕКРИЕНА СО ПЛАТНО

    Платно со пораки ја прекири милионската ограда на мостот кај хотелот „Холидеј Ин“. Демонстрантите без застанување минаа покрај Министерството за надворешни работи. Се движат кон Влада.

    И вечерашниот протест е масовен. Организаторите кусо се обратија на масата народ пред Собрание, а претходно минрно, без бојосување, демонстрантите поминаа покрај Министерството за првда и Порта Македонија.

    Денес е петнаесеттиот ден од почетокот на демонстрациите организирани од граѓанската организација „Протестирам“. Граѓаните бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари