МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ СТАНА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГОСТИВАР

    МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ СТАНА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГОСТИВАРЧленови и симпатизери на Алијансата за Албанците во Гостивар веќе слави на градскиот плоштад. (Фото:СДК.МК)

    Министерот за здравство Арбен Таравари е избран за градоначалник на Гостивар. Неофицијално според извори од партијата на Таравари, Алијанса за Албанците, за него во вториот круг од локалните избори гласале 10.302 граѓани, а за неговиот противкандидат и досегашен градоначалник на Гостивар Невзат Бејта гласале 9.088 граѓани.

    Според подтоците од Државната изборна комисија во Гостивар од изброени 42 отсто од гласовите, 44,83 отсто или 5.812 гласа добил Невзат Бејта, а за Арбен Тараври гласале 6.825 граѓани или 52,65 отсто од преброените гласови.
    Членови и симпатизери на Алијансата за Албанците во Гостивар веќе слави на градскиот плоштад, а со нив е и Таравари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари