МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ИМА ОБВРСКА ДА ГО УАПСИ МИТКО ЧАВКОВ ЗА ДА СЕ СПРОВЕДЕ СУДСКАТА НАРЕДБА, ВЕЛИ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ИМА ОБВРСКА ДА ГО УАПСИ МИТКО ЧАВКОВ ЗА ДА СЕ СПРОВЕДЕ СУДСКАТА НАРЕДБА, ВЕЛИ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по закон итно мора да обезбеди извршување на судската наредба, а не ги остави обвинителите од Специјалното јавно обвинителство цела ноќ да чекаат директорот на јавна безбедност Митко Чавков и заменскиот министер Оливер Андонов да се смилуваат и да ја одблокираат истрагата во УБК, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов.
    Специјалното јавно обвинителство вечерва на Фејсбук објави дека директорот на Управата за јавна безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов вршат опструкција на собирањето докази во зградата на УБК, каде што денеска со судски налози влезе Катица Јанева со нејзиниот тим.
    “Министерот за внатрешни работи раководи со сите полициски формации и има право во секој момент да даде наредба за дејствување. Ако директорот за јавна безбедност го опструира извршувањето на судската наредба, министерот Спасовски има овластување, но и обврска да го уапси. Може да го уапси и да го држи во полициска станица 24 часа, додека обвинителите не ги соберат доказите кои ги бараат во Управата, а кои се во врска со нелегалното прислушување и следење на комуникациите. Може да го уапси и заменскиот министер Андонов, како и сите останати во МВР кои го попречуваат извршувањето на судската наредба. Не знам што чека Спасовски”, вели Трајанов на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК кој треба да обезбеди непречена истрага на обвинител.
    Министерот за внатрешни работи во вакви ситуации е тој што треба да обезбеди асистенција на обвинителите кога се попречени во (пред)истражните дејствија. Може, а и обврска му е во случај обвинителите да се попречени во собирањето доказен материјал, да издаде наредба на Единицата за брзи интервенции или на полициските Алфи да интервенираат и да ја расчистат блокадата, кај и да е поставена, макар таа да била и во МВР, вели Трајанов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира