МИЦКОВСКИ ТВРДИ ДЕКА ОВОЈПАТ ИМА 61 ПРАТЕНИК ЗА ДА ЈА ТУРНЕ ВЛАДАТА ВО ЈАНУАРИ ИЛИ ФЕВРУАРИ И ОТИ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА НА 14 МАЈ

    МИЦКОВСКИ ТВРДИ ДЕКА ОВОЈПАТ ИМА 61 ПРАТЕНИК ЗА ДА ЈА ТУРНЕ ВЛАДАТА ВО ЈАНУАРИ ИЛИ ФЕВРУАРИ И ОТИ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА НА 14 МАЈЗа Мицкоски центарот на корупцијата во Македонија е ДУИ. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој еднаш не успеа да собере мнозинство за изгласување недоверба на владата и за нови избори, денеска кажа дека има мнозинство од 61 пратеник кои се подготвени за овој чекор.

    Во денешната изјава тој има нов вокабулар во однос на владата, ја нарекува „Владата на ДУИ поддржана од СДСМ“. Тврди дека ткивото на корупцијата е во ДУИ, за која смета, а и ја посоветува, дека по 20-годишно владеење е здраво да замине во опозиција.

    „Има пратеници во Владата на кои даваат јасни сигнали да се стави крај на оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ. Даваат сигнали во моментов, да поддржат недоверба на Владата, потоа и распуштање на Парламентот и да се организираат нови предвремени парламентарни избори. Не можам да зборам за повеќе детали со оглед на тоа што имаме комплетно дуизирано обвинителство и сдсмизирано судство, кои со органите на прогонот ќе вршат притисок врз овие луѓе“, кажа денеска Мицкоски.

    Според него, мотивот за тоа охрабрување на пратеници од владејачката коалиција е вистинска борба против корупцијата.

    „Молам за трпение за да го истераме овој процес. Краен датум за предвремени избори се 14 и 21 мај. Што значи, втората половина на јануари, првата половина на февруари ќе се знае каква е ситуацијата. Конечно можеме да зборуваме за 61 пратеник за распуштање на Собранието, ако во меѓувреме тие немаат притисок“, остави резерва Мицкоски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира