МУХАМЕД ЗЕКИРИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА

    МУХАМЕД ЗЕКИРИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТАЗекири на парламентарните избори беше избран за пратеник во Собранието, а пред еден месец си даде оставка од пратеничката функција. (Фото: СДК.МК)

    Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е нов генерален секретар на Владата. Зекири на парламентарните избори беше избран за пратеник во Собранието, а пред еден месец си даде оставка од пратеничката функција.

    Зекири на функцијата ќе го замени Драги Рашковски кој беше генерален секретар од јуни 2017 година, а оставка си даде пред два месецa.

    Владата не денешната седница донесе одлука за избор на фирмите „Акса Догалгас Дагити А. С.“  и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“, двете од Турција, да учествуваат во втората фаза од тендерската постапка за воспоставување јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Македонија.

    На денешната седница Владата додели и 120,6 милиони денари за капитални проекти во повеќе општини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира