МВР ИМА МНОГУ ПОДАТОЦИ ЗА ЈАТАЦИТЕ НА ГРУЈОВСКИ И БОШКОВСКИ ВО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

    МВР ИМА МНОГУ ПОДАТОЦИ ЗА ЈАТАЦИТЕ НА ГРУЈОВСКИ И БОШКОВСКИ ВО МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека постапката за екстрадикција на Грујовски и на Бошковски ја водат Министерството за правда со меѓународна правна помош заедно со грчкото Министерство за правда.(Фото: МИА)

    Министерството за внатрешни работи има многу податоци за логистичка поддршка што поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујовски и вработениот во УБК Никола Бошковски ја имале во Македонија, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    Грујовски и Бошковски беа уапсени на 18 октомври во Солун, додека се обидувале со лажни бугарски пасоши да заминат за Будимпешта. Тие се обвинети во случаите „Таргет“, „Тврдина“ и „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување.

    „Министерството за внатрешни работи има многу податоци за логистичката поддршка што поранешниот началник на петтата управа Горан Грујовски и Никола Бошковски, вработен во УБК, ја имале од лица во земјава. Заедно со обвинителството работиме, но рано е уште да се објават јавно информациите“, рече денеска Спасовски на меѓународната конференција „Приватна и јавна безбедност  – соработка и партнерство“, што се одржа на Факултетот за безбедност во Скопје.

    Спасовски рече дека постапката за екстрадикција на Грујовски и на Бошковски ја водат Министерството за правда со меѓународна правна помош заедно со грчкото Министерство за правда.

    На прашањето дали постои можност уапсените да се пазарат со грчките тајни служби за информации за нивната работа во македонската тајна служба, Спасовски рече дека дека нема „ниедна информација што досега не е споделена со јавноста, односно дека јавноста преку објавените прислушувани разговори имала можност да ги слушне разговори за нивната работа“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира