НА СРЕДБАТА ЗАЕВ-АХМЕТИ ОЧЕКУВАМЕ КОНЕЧЕН ДОГОВОР ЗА НОВАТА ВЛАДА, ВЕЛАТ ОД СДСМ

    НА СРЕДБАТА ЗАЕВ-АХМЕТИ ОЧЕКУВАМЕ КОНЕЧЕН ДОГОВОР ЗА НОВАТА ВЛАДА, ВЕЛАТ ОД СДСМВикендов, преговорите се воделе на ниво на генерални секретари и како што велат од СДСМ, постигнат е „сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за влада“.(Фото: СДК.МК)

    Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети утре ќе имаат лидерска средба, на која се очекува конечен договор за формирање на идната влада, соопштија денеска од СДСМ.

    Викендов, преговорите се воделе на ниво на генерални секретари и, како што велат од СДСМ, постигнат е „сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за влада“.

    „Тимовите на СДСМ и ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена после добивањето на мандатот. Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата, заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години“, се вели во соопштението од СДСМ.

    Од таму очекуваат во текот на следните денови дека ќе продолжи конститутивната седница за избор на претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

    Претседателот Стево Пендаровски во четвртокот му го даде мандатот за составување влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој има рок од 20 дена да го предложи во Собранието новиот владин состав.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира