НЕ Е ТОЧНО ДЕКА СМЕ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ, СПИСОКОТ НА КАРАКАЧАНОВ Е МАСЛО НА ЗАЕВ, ВЕЛИ КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НИКОЛА МИЦЕВСКИ

    НЕ Е ТОЧНО ДЕКА СМЕ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ, СПИСОКОТ НА КАРАКАЧАНОВ Е МАСЛО НА ЗАЕВ, ВЕЛИ КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ НИКОЛА МИЦЕВСКИКрасимир Каракачанов објави список на дваесетина имиња за кои самиот вели дека можеби само коинцидираат со имиња на пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ (Фото: СДК.МК)

    Не е точно дека пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ имаат лични карти и државјанства на Република Бугарија, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Никола Мицевски, координатор на пратеничката група откако вицепремиерот на Бугарија и министер за одбрана Красимир Каракачанов на својот фејсбук профил објави список на имиња какви што имаат високи вмровски функционерикои се запишани на избирачките списоци.

    Красимир Каракачанов објави список на дваесетина имиња за кои самиот вели дека можеби само коинцидираат со имиња на пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а кои се запишани како бугарски државјани на избирачките списоци.

    Мицевски вели дека ова е масло на македонската Влада на Зоран Заев за да ги скрие скандалите со вакцините и пописот и најавува дека партијата ќе реагира со соопштение, а не секој од наведените имиња поединечно.

    Покрај името Никола Мицевски кое е запишано за гласање во регионот Ќустендил, Каракачанов на својот фејсбук профил објави дека извесен Александар Николовски ќе гласа во регионот Средец во Софија, Антонио Милошоски во регионот Ренесанс во Софија, некоја Марија Андоновски е запишана во Ќустендил, Љупчо Димовски, како што е името на претседателот на Социјалистичката шартија, исто така е запишан во Ќустендил.

    На списокот се и имињата на некој Александар Пандов со име како на претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, кој е запишан во избирачкиот список во Средец заедно со Филип Петровски. Извесен Петар Богојески е запишан во Обориште, а некојси Тало Груевски, со исто име како таткото на  пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски е запишан на избирачкиот список во Благоевград, исто како и извесен Дајанчо Ефтимов.

    Каракачанов напиша и дека овие лица имаат право да се вакцинираат во Република Бугарија.

    С.К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира