„НЕ КАЖУВАМЕ КАДЕ ОДИМЕ, МВР НЕКА НЕ НАОЃА“, ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО НОВА ТРАСА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „НЕ КАЖУВАМЕ КАДЕ ОДИМЕ, МВР НЕКА НЕ НАОЃА“, ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО НОВА ТРАСА

    „Ќе се чаталиме до слобода“, напишаа денес шарените револуционери на големиот транспарент. Се собраа пред Специјалното јавно обвинителство но не тргнаа кон Собрание туку во спротивната насока. Велат дека во последен момент ја смениле трасата во знак на револт од односот на полицијата кон нив. „Досега уредно пријавувавме каде ќе се движиме, а МВР постојано ни правеше проблеми во трасата. Вечерва не кажуваме каде одиме, МВР нека не наоѓа“, велат демонстрантите.
     aminta tretiСе движат по улицата Ленинова или по ново Аминта Трети, каде што воопшто нема полиција, а оние на чело на колоната веќе се на Партизанска.
    Возачот на комбето, кој вчера беше приведен, денес е заедно со демонстрантите.
    „По вчерашниот протест, продолжија приведувањата како мерка за заплашување и пригушување на отпорот. Овој пат приведен е возачот на комбето чиј разглас го користиме да сме погласни на протестот. Со секое нивно заплашување стануваме побројни, похрабри и поистрајни во борбата“, напишаа денес на Фејсбук профилот организаторите од „Протестирам“ и уште еднаш повторија дека остануваат на улица се до целосно разрешување на кризата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари