НЕ НЀ ПРИТИСКАЈТЕ ДА ГО СТИСНЕМЕ КОПЧЕТО, ЗАТВОРЕТЕ СЕ 5 ДЕНА СО МИЦКОСКИ И НАЈДЕТЕ РЕШЕНИЕ, МУ РЕЧЕ ЈОВАНОВСКИ НА ЗАЕВ

    НЕ НЀ ПРИТИСКАЈТЕ ДА ГО СТИСНЕМЕ КОПЧЕТО, ЗАТВОРЕТЕ СЕ 5 ДЕНА СО МИЦКОСКИ И НАЈДЕТЕ РЕШЕНИЕ, МУ РЕЧЕ ЈОВАНОВСКИ НА ЗАЕВПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски на денешната седница (Фото: К. Попов)

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски го повика премиерот Зоран Заев да не ги притиска пратениците да го притиснат копчето „за“ Предлогот за пристапување кон измени на Уставот, туку да седнe со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и да најдат решение.

    „Немојте да нè пристискатe пратениците да стиснеме копче. Затворете се пет дена со Христијан Мицкоски и најдете решение. Ниту вие, ниту Мицкоски е пратеник. Сè и сешто се изнаслушавме деновиве. Народот е поделен, општеството е поделено. Јас нема да гласам за Договорот од Нивице, бидејќи не беа исполнети двата услова предвидени со Уставот за референдумот да биде успешен. Затоа јас немам мандат од граѓаните да гласам“, рече Јованоски.

    Премиерот Зоран Заев во репликата на говорот на Јовановски му рече дека без Договор со Грција нема НАТО и ЕУ.

    „Јас секогаш сум за дијалог. Апсолутно не ми паѓа на памет и не смеам да вршам притисок врс институциите и судиите. Треба да си простиме, оттука се тргнува. Имавме лидерски средби на кои Мицкоски побара техничка влада, ја доби, побара претседател на Државната изборна комисија (ДИК), ја доби, ги легализирамве финансиите на политичките партии и го решивме финансирањето. Останува низ дебата да најдеме решение“, рече Заев.

    За дискусија за уставните измени на пленарната седница пријавени се околу 60 пратеници. Расправата според собранискиот Деловник трае 10 дена.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира