НЕ РАЗГОВАРАМЕ ВЕЌЕ ЗА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА, ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    НЕ РАЗГОВАРАМЕ ВЕЌЕ ЗА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА, ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ ОД ВМРО-ДПМНЕЗаев не одговори на пратеничкото прашање дали Македонија прифатила ерга омнес за сите други предлози на медијаторот на ОН во спорот за името со Грција Метју Нимиц. (Фото: СДК.МК)

    Бидејќи грчката опозиција го одби предлогот „Република Илинденска Македонија“, не разговараме веќе за тој предлог, одговори премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

    „Блиску сме до можно решение во спорот за името со Грција. Треба да бидеме внимателни да не се наштети на процесот. Јас вчера кажав некои детали за процесот. Јас и премиерот Ципрас се договоривме за „република илинденска Македонија“. Заклучивме дека треба да го провериме дома дали е прифатлив тој предлог. Во Грција не помина. Бидејќи го одби опозицијата не разговараме понатаму за Илинденска Македонија. Важен е референдумот, треба и граѓаните да се произнесат“, одговори Заев на прашањето од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска.

    Заев не одговори на дополнителното прашање дали Македонија прифатила ерга омнес и за сите други предлози на медијаторот во спорот за името со Грција Метју Нимиц

    Пратеничката Кузмановска го праша Заев и дали има гаранција дека ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, кога со нон- пејпер Франција и Холандија се против приемот на Македонија и на Албанија во ЕУ, премиерот Заев рече:

    „Со решен спор за името, поголеми се шансите за добивање датум, отколку без решение“, рече Заев, и додаде: „Ние не бараме уште утре да бидеме членка на ЕУ, туку бараме датум за преговори“.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари