НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ ВО ПАКТ СО НАЦИСТИТЕ ОД ЛЕВИЦА ПРОТИВ НАТО, ПОВИКА СДСМ ПО НАЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО

    НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ ВО ПАКТ СО НАЦИСТИТЕ ОД ЛЕВИЦА ПРОТИВ НАТО, ПОВИКА СДСМ ПО НАЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВОЌе се види дали Мицкоски ќе има капацитет да формира „нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада“ - Зоран Заев (Фото: СДК.МК)

    Доколку навистина има ново парламентарно мнозинство очекуваме тоа да се потврди низ соодветните собраниски процедури и евентуален избор на нова Влада, соопшти во петокот доцна навечер СДСМ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека има обезбедено ново парламентарно мнозинство за изгласување недоверба на Владата на Зоран Заев.

    Тие ги повикаа подржувачите на евроатлантската иднина помеѓу пратениците кои најавија ново мнозинство да застанат на страната на демократската опција и да не влегуваат во „пакт со нацистите и фашистите од Левица која е отворено против НАТО“ .

    „Народот виде како на иста маса седнале претставниците на анти-НАТО, анти-ЕУ, анти-Преспа и анти-демократските структури во земјава, учесниците во крвавите дејствија од 27 април, заедно со оние кои декларативно се залагаат за евро-атланскиот курс на земјата и тепани на истиот 27 април“, се вели во соопштението на СДСМ.

    Во СДСМ велат дека деновиве ќе се види дали Мицкоски ќе има капацитет да формира „нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада“ и потсетуваат дека „евентуалното ново мнозинство ќе треба да ја преземе одговорноста за справување со пандемијата и со енергетската криза, одговорноста за предизвиците кои следат со европските интеграции на земјата и усвојувањето на Буџетот за 2022 година“.

    Новото парламентарно мнозинство што во петок навечер го објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е доволно за да падне Владата на СДСМ со коалицијата и ДУИ, а за формирање нова Влада допрва ќе се разговара. Тоа го кажа и Африм Гаши од Алтернатива, откако партијата Беса со своите три пратеници најави дека преминува во опозиција. Но,  Гаши рече и дека Алтернатива нема да биде дел од Влада што би сакала да отстапи од нашите стратешки ориентации НАТО и ЕУ.

    Новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира