НЕМА ДА БИДАМ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ШЕКЕРИНСКА

    НЕМА ДА БИДАМ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ШЕКЕРИНСКАШекеринска кажа дека нејзината партија не ги разбрала пораките од јавноста кои доведоа до пораз на локалните избори и затоа нема да учествува во новата Влада. (Фото: СДК.МК)

    Министерката за одбрана Радмила Шекеринска нема да биде дел од новата Влада, која треба да ја состави идниот мандатар Димитар Ковачевски. На денешната прес-конференција во Министерството за одбрана, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека нејзината партија не ги разбрала пораките од јавноста кои доведоа до пораз на локалните избори и затоа нема да учествува во новата Влада.

    „Пред 8 месеци, најавив дека ќе се повлечам од раководството на СДСМ бидејќи не се согласував со дел од политиките. Можеби сум субјективна, но дел од тие политики придонесоа за поразот на локалните избори. За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме. Затоа, мислам дека единствена чесна и принципиелна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следата Влада“, рече Шекеринска.

    Таа кажа дека во изминативе 4 години, како министерка за одбрана покажала принципиелност, чесност, одговорност во работата, што дало резултати.

    „Во изминативе 4 години, за довербата од граѓаните се оддолжив со членството на земјава во НАТО, со најбрзата воената интеграција од било која земја-членка, како апсолутно променета ситуација во нашата Армија“, кажа Шекеринска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира