НЕМА ДА СЕ ТЕСТИРААТ ЗА КОРОНАВИРУС ОНИЕ КОИ НЕМААТ СИМПТОМИ ПОСЛЕ 14 ДЕНА САМОИЗОЛАЦИЈА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    НЕМА ДА СЕ ТЕСТИРААТ ЗА КОРОНАВИРУС ОНИЕ КОИ НЕМААТ СИМПТОМИ ПОСЛЕ 14 ДЕНА САМОИЗОЛАЦИЈА, КАЖА ФИЛИПЧЕОваа одлука важи за граѓаните кои се во самоизолација во нивните домови, но и за оние кои се сместени во државен карантин. (Фото: К. Попов)

    Граѓаните на кои ќе им помине 14-дневниот карантин нема да се тестираат ако немаат симптоми, кажа министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали треба да се тестира оваа група граѓани и кој треба да им издаде потврда дека можат слободно да се движат. Филипче кажа дека Комисијата за заразни болести го разгледувала ова прашање, по што била донесена одлука дека лицата без симптоми не треба да се тестираат.

    „Оваа одлука ќе важи за граѓаните кои се во самоизолација во нивните домови, но и за оние кои се сместени во државен карантин“, кажа Филипче.

    Од денеска започнува со работа пунктот за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Млин Балкан, со што двојно се зголемува капацитетот за тестирање во Скопје. Термини за тестирање се закажуваат преку матичните лекари.

    На владина седница, како што кажа Филипче, ќе се разгледува и прашањето за продолжување на породилното отсуство на мајките бидејќи не можат да ги запишат бебињата во градинки.

    Вкупно регистрирани пациенти со КОВИД-19 денеска има 354, од кои 11 починати.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира