НЕМА ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КОРОНАВИРУС АКО КРИЕТЕ КАДЕ СТЕ ПАТУВАЛЕ, АПЕЛИРА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ

    НЕМА ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КОРОНАВИРУС АКО КРИЕТЕ КАДЕ СТЕ ПАТУВАЛЕ, АПЕЛИРА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕСите граѓани кои иле во некој од ризичните региони во северна Италија, треба да останат во самоизолација 14 дена. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче денеска апелираше граѓаните при влез во земјава на властите и медицинските лица да им кажуваат точни информации каде патувале.

    „Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество. Доколку сте биле во некој од ризичните региони во северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почувствувате симптоми, контактирајте го локалниот центар за јавно здравје. Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува“, напиша на Фејсбук министерот Венко Филипче.

    Во Македонија има седум пациенти заразени со коронавирус, 193 лица се во домашна изолација и затворена е Клиниката за кожни болести во Скопје.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира