НЕМА ОДНОВО ПРЕГОВАРАЊЕ НИ ЗА ПРЕСПА, НИ СО БУГАРИЈА ЗА НАПРЕДОК КОН ЕУ, РЕЧЕ АГЕЛЕР

    НЕМА ОДНОВО ПРЕГОВАРАЊЕ НИ ЗА ПРЕСПА, НИ СО БУГАРИЈА ЗА НАПРЕДОК КОН ЕУ, РЕЧЕ АГЕЛЕРОд средбата на американската амбасадорка Анџела Агелер со премиерот Христијан Мицкоски на 26 јуни во Владата. (Фото: Влада на РСМ)

    „Тие Договори се направени. Нема одново преговарање на Преспа, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ. Тоа е многу јасно“, рече американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа, на прашањето дали САД поттикнуваат нов дијалог меѓу Бугарија и Македонија, откако премиерот Христијан Мицкоски изрази подготвеност пак да преговара, но и изјави дека никогаш нема да гласа за уставни измени.

    „Тие Договори се направени. Нема одново преговарање на Преспа, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ. Тоа е многу јасно. Има разлика, како што знаеме во мојата земја, меѓу тоа што се кажало во кампањите, што се кажало низ години, а што сега за да се оди напред. И силно се надеваме дека е направен прогрес, дека тие стари употреби или терминологии може да се остават на страна, и дека соседите, сеедно кој, почнувајќи од Северна Македонија ќе може да имаат важни разговори од кои сите инволвирани ќе имаат корист. Се надеваме дека тоа ќе го видиме“, рече Агелер.

    Таа кажа дека биле многу задоволни што новиот премиер и неговите министри го кажаа уставното Северна Македонија име во заклетвата во Собранието.

    „Да бидам многу јасна, Договорот од Преспа беше апсолутно историски за државата. Знам дека беше исклучително тешко за многу луѓе во државата да прифатат промена на името. Но тоа беше меѓународен договор, со кој тогашната влада и многу во меѓународната заедница се согласија. Ние секако бевме дел од тој процес и ние аплаудиравме. Тоа е нешто што ѝ помогна на Северна Македонија, сега да влезе во НАТО, и доби многу можности за да напредува во Европската Унија. Бевме многу задоволни што новиот премиер и неговите министри кажаа ‘Северна’ во заклетвата. Тоа е од клучна важност и е фундаментален дел од Договорот. Сега многу внимателно ќе следиме како се почитува. Но како што веќе кажав и кажавме дека со почитување на Договорот од Преспа, што е клучно, и секако има начин, и приоритетот за нас во Скопје, во Американската амбасада и за Вашингтон, е да се премине на многу од тие многу важни приоритети за кои треба да се зборува оваа земја. Чувствувам дека има одредено количество на одвлекување на вниманието и собирање поени од тоа кој и што и кога кажал. Но важно е да се почитуваат меѓународните договори, за кои премиерот кажа дека ќе го стори и да одиме напред и да ги имаме многу важните разговори“, кажа Агелер.

    Рече дека ќе следат внимателно како Владата ќе ги исполнува дадените ветувања.

    „Новата Влада јасно кажа за време на нивната кампањата кои сметаат дека се тие потребни промени. И сега е одговорност, мислам, на секој граѓанин во оваа земја и на сите нас да ги држиме за збор, се види дали се совпаѓаат активностите со изјавите дадени за време на кампањата. Зборуваа за справување со корупцијата, зборуваа за раст на економија, зборуваа за енергија и инфраструктура, за важноста на образованието и здравството за секој граѓанин на оваа земја. И ќе следиме внимателно, знам дека и сите вие ќе следите како овие ветувања ќе се претворат во акции и резултати за граѓаните на Северна Македонија“, вели Агелер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира