НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ ПРАВАТ ЗАЛИХИ, ХРАНА ЌЕ ИМА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ДЕБАР И АПЕЛИРААТ ГРАЃАНИТЕ ДА ОСТАНАТ ДОМА

    НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ ПРАВАТ ЗАЛИХИ, ХРАНА ЌЕ ИМА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ДЕБАР И АПЕЛИРААТ  ГРАЃАНИТЕ  ДА ОСТАНАТ ДОМАДезинфекцијата на Дебар се врши и со помош на механизација на жителите. (Фото: Општина Дебар)

    Храна во маркетите ќе има, нема потреба граѓаните да прават залихи, апелираат од Општина Дебар откако денеска Владата за да се забави ширење на коронавирусот, по појава на 4 нови случаи, прогласи кризна состојба во Дебар и Центар Жупа. Со воведувањето на кризната состојба забранет е влез и излез од овие две општини.

    „Ги повикуваме граѓаните да бидат солидарни, да останат во своите домови и да ги почитуваат препораките додека не се стабилизира состојбата. Снабдувањето на маркетите со намирници нема да запре, ќе тече нормално, и нема потреба граѓаните да чуваат резерви на храна дома“, велат од Општина Дебар.

    Од Општината велат дека Оперативниот општински штаб од вчера врши дезинфекција на градот со помош на волонтери и нивна механизација. Се дезифицираат улиците, парковите, јавните установи, се чисти ѓубрето и дивите депонии.

    „Оперативниот штаб одлучи во рамките на законската обврска да ги извести сите деловни субјекти, јавни и приватни претпријатија, за нивната обврска да го активираат оперативниот план за управување со кризи, предвиден со Законот за заштита и спасување и да ги преземат потребните мерки“, велат од Општина Дебар.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира