НЕМА ВЕЌЕ ДРЖАВЕН КАРАНТИН ПРИ ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА, ТУКУ ДОМАШНА САМОИЗОЛАЦИЈА, НО СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19

    НЕМА ВЕЌЕ ДРЖАВЕН КАРАНТИН ПРИ ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАВА, ТУКУ ДОМАШНА САМОИЗОЛАЦИЈА, НО СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19Македонските државјани кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, ќе треба на приложат негативен тест за коронавирус направен во последните 72 часа пред да влезат во земјава.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Граѓаните кои ќе влезат во земјава нема да одат во државен карантин туку во домашна самоизолација, одлучено е на денешната владина седница. Македонските државјани кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, ќе треба на приложат негативен тест за коронавирус направен во последните 72 часа пред да влезат во земјава.

    Од Владата соопштуваат дека истата одлука ќе важи и за странските државјани.

    „Задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест“, велат од Владата.

    Исто така задолжително е придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести.

    Владата на денешната седница донесе одлука и за полицискиот час за претстојниот продолжен викенд. Полицискиот час за празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј ќе трае од 11 часот в недела до 5 во вторник.

    А. АНТЕВСКА

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари