НЕМААТ КОРОНАВИРУС СЕДУМТЕМИНА КОИ ДЕНЕС СЕ ТЕСТИРАА, ЌЕ СЕ ПОВТОРИ САМО ЕДЕН ТЕСТ НА ПАЦИЕНТ ОД КОЧАНИ

    НЕМААТ КОРОНАВИРУС СЕДУМТЕМИНА КОИ ДЕНЕС СЕ ТЕСТИРАА, ЌЕ СЕ ПОВТОРИ САМО ЕДЕН ТЕСТ НА ПАЦИЕНТ ОД КОЧАНИОд вчера целосно не работат кафулињата, рестораните и спортските обложувалници, а од утре попладне се затвора и аеродромот Свети Апостол Петар и Павле во Охрид. Со работа треба да престанат и продавниците во трговските центри, а дозволено во нив ќе биде да работат само супермаркетите и аптеките. (Фото. Ѓ. Личовски)

    Резултатите на седумтемина пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус, а на едно лице тестот ќе се повтори,  соопшти Министерството за здравство.

    Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку Центарот за јавно здравје од Штип.

    „Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува“, велат од кабинетот на министерот Венко Филипче и додаваат оти дополнително ќе информираат за резултатот.

    Во земјава има 18 лица заразени од коронавирус, од кои 13 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, а петмина се во болницата во Дебар.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира