НЕСОГЛАСУВАЊАТА СЕ ОКОЛУ КАРАКТЕРОТ И ПРАШАЊЕТО НА РЕФЕРЕНДУМОТ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

    НЕСОГЛАСУВАЊАТА СЕ ОКОЛУ КАРАКТЕРОТ И ПРАШАЊЕТО НА РЕФЕРЕНДУМОТ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ПО ЛИДЕРСКАТА СРЕДБАЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по лидерската средба рече дека никогаш немало разговори за амнестија на бившото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: К. Попов)

    Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски по обвинувањата на премиерот Зоран Заев дека лидерски договор во целост нема зашто нема ни минимум шанса за амнестија на поранешното раководство на партијата, изјави дека несогласувања имало околу карактерот и прашањето на референдумот за договорот со Грција.

    „Наш цврст партиски став е за да биде успешен референдумот, треба да има излезност 50 отсто од вкупниот број гласачи и да гласаат 50 отсто плус еден од излезените. И тука имавме извесно приближување во ставовите. Но, несогласувањата се околу значењето на прашањето, кое по Уставот и законите треба да биде еднозначно и да не ја силува волјата на граѓаните“, рече Мицкоски по денешната лидерска средба во Клубот на пратеници во Скопје.

    Се пофали дека ВМРО ДПМНЕ ќе добие учество во Владата 100 дена пред изборите и ќе има Закон за финансирање на партиите по нивни терк, во замена за формирање на ДИК по стариот закон, со двотретинско мнозинство, значи и со гласовите на пратениците од опозицијата.

    На директното обвинување од Заев дека лаже кога вели дека работи во интерес на граѓаните, на иднината на Македонија во ЕУ и НАТО и дека нашол нов начин за блокада на референдумот, кога видел дека нема шанси за прифаќање на неговите услови за амнестија, Мицкоски рече дека никогаш немало такви разговори и оти тоа е несериозно од Заев.

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети пред тоа ја напушти прв денешната лидерска средба, како што кажа, разочаран.

    „Искажувам разочарување од вториот дел од денешната средба. Позицијата, владата ги бранеше државните интереси. Разликите се во прашањето кое треба да се постави на граѓаните. Опозицијата треба државните интереси да ги стави над партиските“, рече Ахмети.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира