ОБВИНЕТИТЕ ВО „ТИТАНИК“ БАРААТ ОДЛОЖУВАЊЕ ДА НАПРАВАТ УВИД ВО ДОКАЗИТЕ, СЈО ВЕЛИ ТОА МОЖЕЛЕ ДА ГО НАПРАВАТ ВО ИСТРАГАТА

    ОБВИНЕТИТЕ ВО „ТИТАНИК“ БАРААТ ОДЛОЖУВАЊЕ ДА НАПРАВАТ УВИД ВО ДОКАЗИТЕ, СЈО ВЕЛИ ТОА МОЖЕЛЕ ДА ГО НАПРАВАТ ВО ИСТРАГАТАПрвообвинетиот Никола Груевски на денешното судење за предметот на СЈО „Титаник“ за изборен криминал. (Фото: М. Златевска)

    Половина од поранешниот извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ на чело со првообвинетиот експремиер Никола Груевски за злосторничко здружување за тешки изборни измами во 2011, 2012, 2013 и 2014 година, пристигнаа во новиот Основен суд Скопје 1. Судењето за најголемиот предмет на СЈО „Титаник“ го води судијата од организиран криминал Осман Шабани.

    По стариот терк да се бара одлагање за да ги слушнат Груевски и останатите 20 обвинети цедињата со стотици телефонски снимки и смс пораки, почна и ова судење. Откако ги ислуша барањата за ова и за следните 4 закажани рочишта за „Титаник“, судијата Шабани ѝ даде збор на обвинителката Лиле Стефанова.

    Таа се спротивстави на барањата за одлагање и обвини дека целта е одолговлекување на постапката.

    „Ги канев на увид во доказите, обвинетите и адвокатите имаа можност да доаѓаат многу пати. Адвокатите во истрагата не доаѓаа, некои праќаа стручни соработници кои место од 8.30 до 16.30, вршеа увид едвај по 2 саата и си заминуваа“, рече Стефанова, која тврди дека како што ги собирала доказите, така ги документирала и умножувала за адвокатите.

    А обвинетата Билјана Бришковска – Бошковски, тогашен заменик министер за правда, доказите лично против неа, која ѝ ги испратила Стефанова на домашна адреса, ѝ го вратила пликот неотворен, со порака напишана на рака: „Примам докази само преку судот!“

    Покрај Груевски и Бришковска – Бошковски, за серија кривични дела во врска со изборен криминал во „Титаник“ се обвинети и Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Едмонд Темелко, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други обвинети, вработени и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира