ОБВИНЕТИТЕ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО Ѝ СЕ ИЗВИНИЈА НА СУДИЈКАТА КАЦАРСКА ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО НА НИВНИТЕ АДВОКАТИ

    ОБВИНЕТИТЕ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО Ѝ СЕ ИЗВИНИЈА НА СУДИЈКАТА КАЦАРСКА ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО НА НИВНИТЕ АДВОКАТИЕксдиректорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков излегува од судот по денешното рочиште на кое сведочеше загрозен сведок (Фото: СДК.МК)

    Судијката Добрила Кацарска, која денеска ги казни по 1.000 евра сите 50 адвокати на 33-та обвинети за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, добила извинување од обвинетите за однесувањето на нивните бранители, дознаваме од присутни на рочиштето кое беше затворено за јавноста, поради сведочењето на загрозен сведок за тоа како и преку кои лица течела организацијата за нападот.

    „Не сте вие виновни за тоа”, им кажала Кацарска на 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

    Кацарска им нашла адвокати по службена должност на обвинетите, на некои што побарале дури и по двајца, а некои од службените адвокати ќе бранат и по двајца обвинети, во договор со нив.

    На 50-мина адвокати кои го нарушиле редот во судницата и кои ги казни, Кацарска дополнително им забрани преку судската полиција да влезат во судницата за овој случај. Тоа ќе може да го сторат дури откако ќе поднесат нови полномошна, бидејќи им ги одзеде со казните.

    Судењето продолжува утре во 10 часот, пак во новата зграда на Основниот суд Скопје 1, откако денеска поради технички причини беше преместени во стариот Кривичен суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира