ОБВИНИТЕЛКАТА ШТО АПСИ ПРЕМИЕРИ ЌЕ ГИ СПОЈУВА КАТИЦА И МАРКО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:301:"РоманскатаобвинителкаЛаураКодрутаКовесидоаѓавоМакедонијакакоделодпрограматазаантикорупцијанаамериканскатавладинаагенцијазастранскапомошУСАИД

    ОБВИНИТЕЛКАТА ШТО АПСИ ПРЕМИЕРИ ЌЕ ГИ СПОЈУВА КАТИЦА И МАРКО

    Скопје, 20 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Романската главна обвинителка во Националниот директорат за антикорупција (ДНА) Лаура Кодрута Ковеси, во вторник во Скопје ќе учествува на конференција на која ќе говорат и Јавниот обвинител Марко Зврлевски и Специјалната обвинителка Катица Јанева. Конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“ е дел од програмата за антикорупција на УСАИД што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), а ќе се одржи во хотелот Холидеј ин од 10 часот. Ќе ја отворат министерот за правда Аднан Јашари и американскиот амбасадор Џес Бејли.

    Според организаторот, целта на конференцијата е да се отвори дебата за тековните предизвици на Македонија во борбата против корупцијата на високо ниво. За романскиот успех на ова поле ќе говори најзаслужната за тоа, обвинителката Ковеси, која во својот тригодишен мандат покрена истраги против илјадници високи функционери, од кои еден експремиер, Адијан Настасе заврши в затвор. Таа лани покрена истрага и против премиерот Виктор Понта додека тој сѐ уште беше на функција и даде налог за замрзнување на неговиот имот, по што беше покренато обвинение.

    42-годишната Ковеси, ќерка на државен обвинител моќен од 1980-2010, претходно 6 години била Јавен обвинител, а откако дојде на чело на ДНА, агенцијата која претходно гонела само корупција на пониски државни службеници,  почнува голема борба против кражбите и корупцијата во врвот на власта.

    laura codruta kovesi (2)

    Целта на домаќинот е да се отвори дебата за тековните предизвици на Македонија во борбата против корупцијата на високо ниво. – Лаура Кодрута Ковеси, главна обвинителка во Националниот директорат за антикорупција (ДНА) во Романија

    Само во 2015, Ковеси има покренато 1.250 обвиненија за корупција на високо и средно ниво против државни функционери, меѓу кои се и десетици градоначалници, пратеници, и стотици поранешни судии и обвинители. Како што самата ќе изјави, „покренавме истраги и против двајца министри на функција, од кои едниот од министерското столче замина директно во притвор“. Во 90 отсто случаи покренатите обвиненија завршуваат и со судска пресуда. Меѓу осудените, на 10 години затвор за корупција, е и Дан Воикулеску, политички, бизнис и медиумски тајкун, чии медиуми предничат во кампањите за оцрнување на обвинителката Ковеси и дискредитација на ДНА.

    На почетокот на месецов ДНА поднесе обвинение и против еден од најбогатите романски биснисмени Дан Адамеску, за перење пари и злуопотреба на службената должност како директор на најголемата осигурителна компанија во земјата, кој е пуштен од притвор со кауција од 10 милиони долари.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари