ОД 39.502 СПОРНИ ГЛАСАЧИ ВО ДИК ПРИЈАВЕНИ 397, РОКОТ Е ДО 19 АВГУСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД 39.502 СПОРНИ ГЛАСАЧИ ВО ДИК ПРИЈАВЕНИ 397, РОКОТ Е ДО 19 АВГУСТ

    Државната изборна комисија соопшти дека во првите 4 дена од пријавувањето, до вчера до 13 часот се пријавиле вкупно 397 граѓани за кои има несовпаѓања на податоците во Избирачкиот список. На списокот се 39.502 спорни гласачи, кои до 19 август треба сами да се пријават за да се регистрираат за гласање.

    „Од овие 397, 86 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 311 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб-апликацијата на Државната изборна комисија“, соопшти ДИК.

    Најмногу пријавени има во општина Чаир – 53, потоа Аеродром – 50, па општините Карпош и Кичево, каде се пријавиле по 27-мина. При пријавувањето, граѓаните мора да носат важечка лична карта или пасош, а може да се пријавуваат и преку Интернет со посебната апликација „Провери и пријави се“ поставена на веб страницата на ДИК.

    Ова е список на спорни гласачи кои при првата теренска проверка не биле најдени дома. Според списокот, најмногу спорни гласачи има во Општина Чаир – 5.418 гласачи, во Општина Тетово – 3.183, Општина Гостивар – 2.671, Општина Сарај – 2.420 и во Општина Куманово која има 2.074 спорни гласачи. Најмалку неконзистентни записи има во општините Пехчево и Ранковце – по 1, Чешиново-Облешево, Карбинци и Зрновце – по 2 и во Дебарца со 4 спорни гласачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари