ОД АБОЛИЦИРАНИТЕ САМО ГРУЕВСКИ И ВЕЉАНОСКИ НА ЛИСТИТЕ ЗА ПРАТЕНИЦИ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:175:"ГруевскинегикандидиралнеговитенајблискисоработнициМилеЈанакиескииГорданаЈанкулоска";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД АБОЛИЦИРАНИТЕ САМО ГРУЕВСКИ И ВЕЉАНОСКИ НА ЛИСТИТЕ ЗА ПРАТЕНИЦИ

    Од аболицираните високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ и нивни соработници, само лидерот на партијата Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се на листата на кандидати за пратеници за изборите на петти јуни, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Груевски не ги кандидирал неговите најблиски соработници Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

    На листите ги нема ни најблиските партиски соработници Кирил Божиновски, Мартин Протоѓер, Сашо Мијалков, Билјана Бришковска, ниту вицепремиерот Владимир Пешевски, а ни министерката за информатичко општество Марта Томовска, министерот за одбрана Зоран Јолевски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменикот министер за образование Спиро Ристески… Го нема ни актуелниот премиер Емил Димитриев.

    Од останатите блиски соработници на Груевски, кој е носител на првата изборна единица, кандидати за пратеници се министерката Елизабета Канческа- Милевска, таа е втора листата, а под неа е Диме Спасов.

    Зоран Ставрески е втор во Петтата изборна единица, каде носител на листата е Антонио Милошоски. Министерот за надворешни Никола Попоски е носител на втората Изборна единица, а веднаш под него е претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

    Илија Димовски е прв во третата, Никола Тодоров во четвртата, а Влатко Ѓорчев е носител на листата во шестата изборна единица.

    Павле Саздов е носител на седмата изборна едница во дијаспората, каде уште се брои цензусот. Таму не се знае дали цензусот е исполнет и дали ќе се одржат избори.

    И ГРОМ вчера соопшти дека кандидати на таа партија ќе бидат вклучени во листите што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Но, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимоски, актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, не е кандидат за пратеник. Него го нема на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари