ОД КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА ДОСЕГА ПОЧИНАА 1.664 МАЖИ И 971 ЖЕНА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    ОД КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА ДОСЕГА ПОЧИНАА 1.664 МАЖИ И 971 ЖЕНА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕОд 2.635 лица починати од ковид-19, 2.074 се на возраст над 60 години. (Фото: К. Попов)

    Од почетокот на коронакризата во земјава по компликации од ковид-19 починаа 2.635 лица, а најголем дел, 2.074 се на возраст над 60 години, стои во статистиката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Регистрирани се 1.664 смртни случаи кај лица од машки и 971 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 1.951 (81,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (1.527), дијабет (685) и белодробна болест (307).

    Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 22 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи 161 (6,1%) починале во вонболнички услови, а 2.473 (93,9%) починале за време на хоспитализација.

    Од 4 до 19 јануари тестирани се 13.022 материјали за ковид-19, што е зголемување од 20,8% во однос на претходната недела. Од нив, регистриран е 2.471 нов позитивни случј од 34 градови со зголемување од 6,1% во однос на минатата недела, стои во неделниот извештај на Институтот.

    Во  тој период, пријавени се 74 смртни случаи од 24 града, со намалување од 20,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 64 лица биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.140; 46,1%), а највисока неделна инциденца од 307,6/100.000 е регистрирана во Берово. Процентот на позитивни од тестирани во споменатиот период изнесува 19 отсто.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (622, 25,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (470; 19,0%), 50-59 (н=455; 18,4%), 30-39 (455; 18,4%) и 20-29 (330; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (39; 1,6%) и 10-19 години (100; 4,0%). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.182 (47,8%) лица од женски и 1.289 (52,2%) од машки пол.

    По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.460 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 14,8% повеќе во споредба со минатата недела.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира