ОД МЕДИУМИТЕ ДОЗНАВ ДЕКА ФИРМАТА Е ДОНАТОР НА ДУИ И НЕ БЕВ СРЕЌЕН ЗА ТОА, ВЕЛИ ОСМАНИ ЗА ТЕНДЕРОТ ОД 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ

    ОД МЕДИУМИТЕ ДОЗНАВ ДЕКА ФИРМАТА Е ДОНАТОР НА ДУИ И НЕ БЕВ СРЕЌЕН ЗА ТОА, ВЕЛИ ОСМАНИ ЗА ТЕНДЕРОТ ОД 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕОсмани вели дека не постои закон кој предвидува да се врши ветинг на компаниите кои учествуваат во постапките на јавни набавки, па затоа фирмата не била проверувана туку само била оценета нејзината понуда која е најевтина од другите три понуди. (Фото: К. Попов)

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека не знаел оти фирмата „Еуровиа“, која го доби тендерот од 1,8 милиони евра за министерската конференција на ОБСЕ во Скопје, е донатор на ДУИ. Османи тврди дека тоа го дознал од медиумите и не му било сеедно, бидејќи знаел каква ќе биде реакцијата во јавноста.

    Но и покрај тоа, вели дека нема начин да се избере друга фирма оти според законската постапка треба да се избере најевтината понуда. Не постои ни закон кој предвидува да се врши ветинг на компаниите кои учествуваат во постапките на јавни набавки, па затоа фирмата не била проверувана туку само била оценета нејзината понуда која е најевтина од останатите три понуди.

    „Постапката е крајно транспарентна, Министертсвото нема никаква можност да реагира и да го поништи тендерот. Ова е најважен настан во мојата кариера и никогаш не би дозволил да остави дамка. На службите им реков веднаш да ја пратат целата документација до Антикорупциска комисија и Обвинителството. И вие да бевте на мое место ќе немавте друг избор, ќе го направевте тој избор инаку ќе одговоравте. Еве, да донесеме закон за компаниите што донираат на партии да не може да учествуваат на тендери. Знам дека не ви се верува, јас од медиуми дознав дека фирмата е донатор на ДУИ. Не бев среќен кога ми го донесоа извештајот за рангирање, оти ги очекував ваквите реакции“, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли.

    Фирмата од Желино која го доби тендерот за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ е во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер од ДУИ, Абдулаќим Адеми. Сопственикот Ељмедин лани на ДУИ како физичко лице донирал 2.509.200 денари (над 40.000 евра), додека правното лице „Еуровиа“ донирало 1.845.000 денари (30.000 евра).

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира