ОД УТРЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 19 ДО 5, ЗА ВИКЕНД ОД 15 ЧАСОТ ВО САБОТА ДО ПОНЕДЕЛНИК ВО 5, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ОД УТРЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 19 ДО 5, ЗА ВИКЕНД ОД 15 ЧАСОТ ВО САБОТА ДО ПОНЕДЕЛНИК ВО 5, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАЗа лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 5 часот наутро до 12 напладне. Младите до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот. (Фото: К. Попов)

    Од утре се намалува времетраењето на полицискиот час и наместо од 16 часот, забраната за движење ќе почнува од 19 и ќе трае до 5 часот наутро. На денешната владина седница донесена е одлука полицискиот час во викендите да почнува од 15 часот во сабота и да трае до 5 часот наутро во понеделник.

    „За лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 5 часот наутро до 12 напладне. Младите до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот. Во сабота за лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење од 5 до 11 часот, а за лицата до 18 година од 12 до 15 часот“, се вели во соопштението на Владата.

    Другите одлуки кои се донесени на денешната седница и дали ќе треба задолжително да се носат маски, од Владата најавија дека ќе ги соопшти премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција закажана во 17 часот.

    Намалувањето на рестрикциите во движењето ги најави вчера министерот за здравство Венко Филипче и се по препорака на Комисијата за заразни болести.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира