ОХРИДСКИТЕ ЕКОЛОЗИ ПОБАРАА СОБРАНИЕТО ДА ИЗГЛАСА МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДЕЊЕ ВО ОХРИД

    ОХРИДСКИТЕ ЕКОЛОЗИ ПОБАРАА  СОБРАНИЕТО ДА ИЗГЛАСА МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДЕЊЕ ВО ОХРИДСобранието застана зад иницијативата на Еколошкото здружение Фронт 21/42 од Охрид (Фото: МИА)

    Еколошкото здружение Фронт 21/42 од Охрид побара од Собранието да донесе мораториум на сè што се гради на брегот на Охридското Езеро. По повод Денот на Охридското Езеро, кој се одржа во Собранието, еколозите предадоа 7.000 картички потпишани од граѓаните на Македонија и побараа од спикерот Талат Џафери и пратениците да изгласаат забрана за градење во Охрид сè додека не се донесат сите соодветни решенија за заштита на Езерото.

    „Формиравме неформална група Пријатели на УНЕСКО која ќе работи на заштитата на Охрид. Бараме пратениците да покренат иницијатива за забрана на градење на охридското крајбрежје“, изјавија од еколошкото здружение Фронт 21/42.

    По повод Денот на Охридското Езеро, кој се одржа во Собранието, еколозите предадоа 7.000 картички потпишани од граѓаните на Македонија и побараа од спикерот Талат Џафери и пратениците да изгласаат забрана за градење во Охрид сè додека не се донесат сите соодветни решенија за заштита на Езерото (Фото: МИА)

    „Аларм за нас претставуваше минатогодишната одлука на комитетот при УНЕСКО, кој јасно напомена дека деструктивните појави во околината на Охридското Езеро би можеле да имаат трајни последици по нашето единствено УНЕСКО подрачје. Дополнително во оваа опомена беше потенцирано дека доколку се потврдат наодите за состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро ќе биде ставено на листата на загрозени УНЕСКО подрачја – рече Александра Бујаровска од  „Фронт 21/42“.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека задоволство му е што денес се одржува настан поврзан со иницијативата од граѓанскиот сектор за заштита на охридскиот регион како единствен кој е под заштита на УНЕСКО. Тој потсети дека Собранието ги отвори вратите за граѓаните да можат да ги следат седниците и кажа дека ќе се залагаат за поголема соработка со невладините организации.

    “Ќе се заложам враќање на функционалниот интегритет на Собранието и со тоа и довербата на граѓаните во оваа институција. Собранието ќе биде отворено за граѓаните“, рече претседателот на Собранието Џафери.

    Маја Морачанин, координатор на неформална група пријатели на Охридскиот Регион, од името на неформалната пратеничка група која настана по изборите, а иницирана од НДИ и невладината организација „Фронт 21/42“ во состав Томислав Тунтев, Африм Гаши, Маја Морачанин и Ирена Стефовска, рече дека оваа неформална пратеничка група била цврсто обединета од идејата за зачувување на единствениот УНЕСКО регион во Македонија, Охридскиот Регион.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира