ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ГО ПРОБИВА КОРДОНОТ ПОЛИЦАЈЦИ – НАПНАТО ОКОЛУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,9САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ГО ПРОБИВА КОРДОНОТ ПОЛИЦАЈЦИ – НАПНАТО ОКОЛУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

    Воден топ и оклопно возило поставени на улица Македонија покрај градилиштата за новите барокни згради, го пресекоа патот на Шарената револуција кон Министерството за финансии. Демонстрантите урнаа дел од оградата на градилиштето во обид да се пробијат покрај полциските возила. Сакндираа „Убијци, убијци“ и покажуваа среден прст на полицијата, но обидот да го продолжат патот заврши без успех.

     

    Фото: СДК.МК

    Кордонот полицајци не се помести па демонстрантите се повлекоа назад и пробаа преку преминот кај кафулето „Корзо“ да стигнат до Мнистерството, но и од таа страна ги пречека кордон полицајци. Во тунелот, во првите редови пред полицијата е Оливер Спасовски, поранешниот министер за внатрешни рабти во Владата формирана за спроведување на изборите. Тој се турка со полицијата и се обидува да го пробие кордонот. Заедно со него е и Кире Наумов, поранешниот заменик-министер за финансии во истата Влада. Демонстрантите скандираат „Пуштете го народот“ и не се откажуваат од обидите да стигнат до Министерството.

    Со пораката „1.1 милијарди причини за крај“ на централниот транспарент Шарената револуција го почна протестот во 19 часот пред Специјалнотојавно обвинителство (СЈО). Демонстрантите морно маршираа по улицата покрај поранешна Нова Македонија и најавија дека сакаат да стигнат до Министерството за финансии за таму да ги пренесат пораките против задолжувањето.

    „Бараме оставка од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада која нема безобразно да не` задолжува, туку ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори“, порача денес граѓанско движење Шарена револуција.

    Мото на вечерашниот протест е „Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте“. Антивадините демонстранти протестираат против одлуката на Владата да се задолжи кај комерцијалните банки со еврообврзница од 650 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира