ОПОЗИЦИЈАТА СПРЕМИ ПРОЕКТ ЗА ГЕНЕРАЛЕН РЕИЗБОР НА СУДИИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОПОЗИЦИЈАТА СПРЕМИ ПРОЕКТ ЗА ГЕНЕРАЛЕН РЕИЗБОР НА СУДИИТЕ

    Проектот за генерален реизбор на околу 650 судии колку што се вкупно во Македонија е готов од страна на опозиционите партии. Моделите им се разликуваат, но сé се сведува на тоа дека за околу 20 од судиите, нема место во идниот судски систем.

    На повеќепартиската дебата, организирана од невладината “Цивил“, на која денеска не дојде ниту една од партиите на власт, беше претставено како е замислена реформата во судството.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој беше директно прашан на оваа тема, ја објасни постапката: “Се согласувам дека најважна реформа од сé друго е реформата на судството. Ќе се организира генерален реизбор на сите судии. На него ќе имаат право пак да се пријават сите актуелни судии. Но, сите имаат свое си-ви за тоа како ја извршувале функцијата, па оттаму, одговорност за одлуките што ги носеле, ќе мора да понесат одредени меѓу нив. Изборот мора да биде транспарентен“, најави Заев.

    Натаму, на судството ќе му биде дадена целосна финансиска самостојност. Нема зошто повеќе судиите да зависат од некој министер за финансии. Од Судскиот совет и од Советот на јавни обвинители, вели тој, под итно ќе го снема министерот за правда и со тоа ќе се почне со оттргнување на политичкото влијание во судството и обвинителството.

    “Јавниот обвинител на Република Македонија ќе биде избран од опозицијата, за да ја контролира власта. Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија и Јавното правобранителство ќе се дадат да бидат раководени од граѓаните, односно на граѓанскиот сектор“, рече Заев. Сепак, според него, најважно е судиите во генералниот реизбор да бидат избрани надвор од пипците на политичарите.

    “И не се доволни само законите да ја завршат оваа работа. Политичарите ќе мора со примери да го мотивираат тоа и да покажат дека нема да се осмелат ни да прашаат кој конкурирал, за кој суд и кој е избран“, планира лидерот на опозицијата.

    Ивон Величковски од Либералната партија, пак, смета дека во актуелниот урнисан систем на владеење на правото ние немаме проблем со сите судии, туку само со околу 20 отсто од нив.

    “Либералната партија застапува генерален реизбор на судиите, но по прелог на Судскиот совет. Но, гласањето да биде во Собранието. Бидејќи ние не знаеме кој се предлагаше за судија, од чии тефтери тие доаѓаа, не ги знаевме кои се тие луѓе, нивните квалитети, биографии. Една експертска влада во еден транзиционен период што следи, може да ја спроведе оваа најважна обврска за да се врати првин владеењето на правото и довербата во институциите“, го образложи предлогот Ивон Величковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира