ОСОМНИЧЕН И СОПСТВЕНИКОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКА „ПУЛС“, НЕМАЛЕ БЕЗБЕДНОСНА ПРОЦЕНКА И ПУШТАЛЕ МАЛОЛЕТНИЦИ

    ОСОМНИЧЕН И СОПСТВЕНИКОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКА „ПУЛС“, НЕМАЛЕ БЕЗБЕДНОСНА ПРОЦЕНКА И ПУШТАЛЕ МАЛОЛЕТНИЦИОбвинителството бара притвор за сопственикот на Агенцијата за обезбедување.(Фото: СДК.МК)

    Сопственикот на Агенцијата за обезбедување која ја обезбедувала кочанската дискотеката „Пулс“ е опфатен со истрагата за пожарот на 16 март во кој загинаа 62 лица. Агенцијата за обезбедување немала склучено договор за обезбедување на кабарето „Пулс“, немала безбедносна проценка и дозволиле влез на малолетници.

    Сопственикот се терети за тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Според досега собраните докази тој раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани.

    Тие без да имаат склучено договор со корисникот на услугата кабаре Пулс‘ во текот на 2025 година вршеле обезбедување на имот и лица за клубот. Новиот осомничен во континуитет активно раководел со планот и начинот за давање на услугата обезбедување преку правното лице. Заедно со осомничените кои биле ангажирани како обезбедување, спротивно на повеќе членови од Законот за приватно обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, како и без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во кабарето од аспект на имот и лица, особено по опасност и можност за евакуација, во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на пиротехнички средства од членовите на музичката група, со кои бил предизвикан пожарот, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесни повреди се здобиле 54 лица“, велат од Обвинителството.

    Врз основа на судска наредба вчера бил извршен претрес на две локации во Скопје и во Пробиштип, како и во автомобилот на осомничениот, при што беше одземена обемна документација поврзана со правното лице и електронски уреди. Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира