ОТВОРЕН КОВИД-ЦЕНТАР НА ТРАУМАТОЛОГИЈА, ЗА 24 ЧАСА ВО СКОПЈЕ ПРИМЕНИ 67 НОВИ БОЛНИ

    ОТВОРЕН КОВИД-ЦЕНТАР НА ТРАУМАТОЛОГИЈА, ЗА 24 ЧАСА ВО СКОПЈЕ ПРИМЕНИ 67 НОВИ БОЛНИКовид-центарот на ТОАРИЛУЦ е отворен поради зголемената потреба од хоспитализација на болни од ковид-19. (Фото: К. Попов)

    Од денес е отворен Ковид-центар на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а за 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се примени 67 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, вели Министерството за здравство.

    Во Скопје вкупно лежат 463, а во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 619 пациенти, вкупно 1.082. Во Скопје до утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а низ земјава околу 340 празни местра.

    Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 35 приеми. Во Ковид-центарот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ имало 18 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 нови пациенти.

    Во изминатите 24 часа дома се пуштени 41 оздравен пациент.

    Во моментов во Ковид-центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 221 пациент.

    Во „8 Септември“ има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

    По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 58, во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 50 болни, а во Куманово 92 пациенти. Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 89, во Ковид-центарот во Гостивар 23, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 34 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 7, Кавадарци 64, а во Гевгелија 15 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

    „Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, додаваат од Министерството.

    Во земјава има 11.457 активни случаи на ковид-19.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира