ОТВОРЕН ТЕЛЕФОН 075 272-732 ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ПАТНИЦИ

    ОТВОРЕН ТЕЛЕФОН 075 272-732 ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ПАТНИЦИОд МНР велат дека веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата. (Фото: ЕПА)

    Министерството за надворешни работи отвори телефонска линија 075 273-732 за информации и консултации за семејствата на загинатите патници во автобуската несреќата во Бугарија.

    Од Министерството велат дека веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата, а двајца вработени се упатени во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан.

    Роднини на дел од патниците утрово изјавија дека не можат да добијат никакви информации од превозникот „Беса транс“.

    Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во близина на Перник загинаа 45 лица, а седум патници се повредени, но се надвор од животна опасност. Македонските државјани се враќале од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември. Во екскурзијата организирана од една туристичка агенција од Скопје биле вкупно четири автобуси.

    Според експертот за мотори со внатрешно согорување Васко Пиргов, кој меѓу првите пристигнал на местото на трагедијата, пукната предна гума најверојатно ја предизвикала тешката несреќа.

    „Автобусот се судрил откако му пукнала предна гума, по што се влечел и дошло до истурање на горивото. Бидејќи греењето било пуштено, оттука избувнал пожарот. Тој почнал во предниот дел на автобусот, зашто задниот дел е зачуван. Според зборовите на полицајците таму, во автобусот имало туби со нафта“, кажа Пиргов за бугарската новинска агенција БНТ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира