Со 7,3 милиони швајцарски франци ќе се доградува водоводот во Делчево и ќе се гради пречистителна станица за отпадни води. Владата обезбЕди 13 милиони франци, а останатите шест милиони франци се помош од Швајцарија.
Договорот за техничка и финансиска помош за проектот „Водоснабдување на Делчево“ денес го потпишаа Сибил Сутер Техада, амбасадор на Швајцарија, Садула Дураки, министерот за животна средина и просторно планирање, Горан Трајковски, градоначалникот на општина Делчево и Розета Цонева, директор на јавното комунално претпријатие „Брегалница“.
Проектот ќе се спроведува во две фази, односно во првата фаза ќе се доградува водоводот, а во втората ќе се гради пречистителната станица. Предвидена е изградба на пречистителна станица за вода, продолжување на мрежата за водоснабдување до селата Ѕвегор и Габрово, инсталација на два капацитети за производство на обновлива енергија. Во делот на институционалната поддршка предвидени се корпоративни мерки за развој на јавното претпријатие „Брегалница“.
Министерот Дураки рече дека со овој проект не само што ќе се обезбеди пристап до поквалитетна вода за пиење за жителите на Делчево, туку и ќе се заштитат водите од реката Брегалница.