ПАТНИЦИТЕ ОД ИТАЛИЈА ЌЕ ПОПОЛНУВААТ ПРАШАЛНИК УШТЕ ВО АВИОНИТЕ, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ

    ПАТНИЦИТЕ ОД ИТАЛИЈА ЌЕ ПОПОЛНУВААТ ПРАШАЛНИК УШТЕ ВО АВИОНИТЕ, НАЈАВИ ФИЛИПЧЕ„Патниците ќе остават податоци со адреса, и доколку во некој период се јави патник со симптоми на коронавирУс, ќе биде лесно да ги најдеме сопатниците кои седеле неколку реда пред и зад неговото седиште, што е според протоколот“, кажа Филипче. (Фото: Влада на РСМ )

    Патниците кои од денес ќе доаѓаат во земјава со авионите на „Визер“ од Милано и Тревизо на аеродромите во Скопје и во Охрид ќе пополнуваат здравствена локатор карта, најави министерот за здравство Венко Филипче.

    Патниците ќе ги пополнуваат прашалниците во авионите, и тоа е, како што рече Филипче, стандарна процедура при вакви ситуации како што е коронавирусот, а авиокомпанијата ја одобрила мерката.

    „Бројката на заразени во Европа е 3.365 пациенти, а нови земји се Андора, Латвија и Португалија. Согласно со тоа дека има новозаболени низ Европа, а особено во северна Италија, се одлучивме на овој чекор. Патниците ќе остават податоци со адреса и доколку во некој период се јави патник со симптоми на коронавирус, ќе биде лесно да ги најдеме сопатниците кои седеле неколку реда пред и зад неговото седиште, што е според протоколот“, кажа Филипче.

    Министерот додаде дека во последното деноноќие нема нови пријавени пациенти за тестирање за короноавирус, после тројцата од вчера попладнето, за кои беќе беше соопштено дека немаат коронавирус. Единствената пациентка која се лекува на Инфективната клиника во Скопје секој ден се чувствува сѐ подобро, рече тој.

    Препораката од Владата да не се одржуваат јавни собири важи до 6 март, и доколку има потреба, ќе се промени. Властите апелираат да не се патува ако не е неопходно во Италија, и сите кои се враќаат во земјава од критичните региони да бидат совесни и да се придружуваат до препораките за заштита.

    На 29 февруари Владата на Црна Гора нареди сузпензија на летот на Визер од Подгорица за Милано и летот на Рајанер од Подгорица за Болоња поради опасност од ширење на коронавирусот до почетокот на април. Летовите за Рим не се укинати.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира