ПЕТ ПОЧИНАТИ И 87 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.156 ТЕСТОВИ, БРОЈОТ НА АКТИВНИ ПОВТОРНО Е НАД 3.000

    ПЕТ ПОЧИНАТИ И 87 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.156 ТЕСТОВИ, БРОЈОТ НА АКТИВНИ ПОВТОРНО Е НАД 3.000По два дена, бројот на активни ковид случаи повторно е над 3.000 и денеска е 3.021; - На Плоштадот Македонија во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Починати се пет пациенти, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 од 1.156 тестирања во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Од починатите, три пациенти се од Скопје (49, 74 и 72 години), пациентка од Струга (53), и пациентка од Берово (57), сите во болнички услови. По два дена, бројот на активни случаи повторно е над 3.000 и денеска е 3.021.

    Новорегистрираните случаи се во:
    – Скопје 34
    – Куманово 13
    – Тетово 8
    – Струга 1
    – Битола 1
    – Кавадарци 4
    – Гостивар 20
    – Струмица 2
    – Берово 1
    – Кичево 3

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од:

    – Скопје 35
    – Куманово 1
    – Штип 4
    – Тетово 1
    – Гостивар 1
    – Пробиштип 2
    – Кратово 1
    – Свети Николе 6

    Досега во земјата се направени вкупно 126.284 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 12.739, од кои оздравени се 9.174, а починати 544.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира