ПО 2 ИЛЈАДИ КОВИД ТЕСТОВИ НА ДЕН ЌЕ СЕ ПРАВАТ ВО ДРЖАВНИТЕ ЛАБОРАТОРИИ

    ПО 2 ИЛЈАДИ КОВИД ТЕСТОВИ НА ДЕН ЌЕ СЕ ПРАВАТ ВО ДРЖАВНИТЕ ЛАБОРАТОРИИВо Институтот покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за ковид-19. (Фото: К. Попов)

    Во Институтот за јавно здравје од денеска ќе се прават по 1000 теста за ковид-19 на ден, а со дополнителните 100 во Центарот за јавно здравје и 100 во лабораторијата во Козле, дневно ќе се стига до 2000 тестирања во јавните здравствени установи.

    Во Институтот покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за ковид-19.
    Пунктот работи секој ден од 7:30 до 14 часот за земање брисеви а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите.

    „Предвидено дневно да се вршат до 1000 тестови, што е за околу 150 тестови повеќе во однос на досегашните. Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а за таа цел ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот Мој термин“, вели Министерството за здравство.

    Министерот за здравство Венко Филипче вчера кажа дека ќе се отвори и пункт во Ѓорче Петров како што има пункт во Чаир, Гази Баба и Ченто. Тој вчера кажа и дека разговараат со приватните лаборатории да помогнат и кај нив граѓаните да се тестираат по референтната цена која ја утврди Фондот за здравство, 1.850 денари, но прво ќе го следат текот на епидемијата па ќе утврдат дали ќе има потреба за тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира