ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ПАРИТЕ ОД „МОЈДДВ“, 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВРАТ, 8.700 ЛИЦА ДОНИРАЛЕ ВО ФОНДОТ ЗА КОВИД-19

    ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ПАРИТЕ ОД „МОЈДДВ“, 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВРАТ, 8.700 ЛИЦА ДОНИРАЛЕ ВО ФОНДОТ ЗА КОВИД-19Во Фондот за КОВИД-19 донирани се околу 150.000 евра од граѓаните кои скенирале фискални сметки. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од денеска почна исплатата на парите од повратот на ДДВ за првите три месеци од годинава. Како што соопштија од Управата за јавни приходи, повратот за првото тримесечје оваа година е 5.590.000 евра.

    Граѓаните кои скенирале фискални сметки имаа можност парите кои требаше да им се вратат да ги донираат во Фондот за КОВИД-19. Оваа опциа ја искористиле 8.700 граѓани, кои вкупно донирале околу 150.000 евра.

    „Исплатата се врши во неколку етапи и истата ќе заврши согласно законскиот рок, односно во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка“, велат од УЈП.

    Во јануари, февруари и март скенирани се 49.946.279 фисклани сметки. Направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2,292,026,352  денари.

    Вкупниот број на регистрирани корисници до 31 март година на апликацијата „МојДДВ“ е 279.498.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари