ПОЧНА МАСОВНАТА ВАКЦИНАЦИЈА ВО „А1 АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ДНЕВНО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПО 3.000 ЛУЃЕ

    ПОЧНА МАСОВНАТА ВАКЦИНАЦИЈА ВО „А1 АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ДНЕВНО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПО 3.000 ЛУЃЕНа 48 пункови се врши вакцинација со „спутник“ што земјава ја доби како донација од Србија. (Фото: К. Попов)

    Во салата „А1 арена Борис Трајковски“ денес почна масовната вакцинација против ковид-19. На 48 пункови се врши вакцинација со „спутник“ што земјава ја доби како донација од Србија.

    Со 20.000 дози ќе се вакцинираат вработени во Министерството за внатрешни работи, АРМ, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП „Скопје“, пожарникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените.

    По паузата викендов, денеска во здравствените домови продолжува вакцинацијата на лицата над 77 години со вакцината на „АстраЗенека“.

    „Во моментов, вкупната бројка на вакцинирани граѓани е 10.000. Денеска започна вакцинација во А1 Арената Борис Трајковски, каде на еден час се вакцинираат по 300 граѓани, предвидено е околу 3.000 граѓани да се вакцинираат на ден, оптимално бројот може да биде и 7.000 во следниот период согласно доаѓањето на вакцините. Вакцинацијата непречено се одвива и на сите пунктови каде се вакцинираат повозрасни граѓани низ државата“, рече денеска министрерот за здравство Венко Филипче.

    Тој кажа дека месецов се очекува да пристигне значајно поголема количина вакцини од сите производители и согласно Националниот план да бидат распределени по возрасни групи и за вработени кои имаат навистина голем ризик да заболат и вакцинацијата да продолжи.

    А. АНТЕВСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира