ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ ДЕМОНСТРАНТИ И ПОЛИЦАЈЦИ НА ПРОТЕСТОТ ВО БИТОЛА

    ПОЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ ДЕМОНСТРАНТИ И ПОЛИЦАЈЦИ НА ПРОТЕСТОТ ВО БИТОЛА

    Десетмина демонстранти и четворица полицајци беа полесно повредени за време на вечерашните протести пред општина Битола, дознаваме неофицијално.

    До повреди дојде за време на турканицата која настана меѓу демонстрантите и полицајците кога група битолчани се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Тогаш од општинската зграда излегоа полицајци со специјална опрема и ги отстранија демонстрантите кои беа насобрани пред полицискиот кордон. За да не дојде до поголеми инциденти демонстрантите ги кренаа рацете во знак дека немаат намера да вршат насилство врз полицијата и викаа дека во себе не носат предмети за напад, туку само јајца и телефони.

    аматерска фотографија

    аматерска фотографија

    И вечерва општинската зграда беше гаѓана со балони со зелена боја и јајца. Демонстрантите бараат оставка од битолскиот градоначалник Владимир Талески и од претседателот Ѓорге Иванов.

    Вечерва организиран протест имаше во Велес. Во Скопје иако граѓанското здружение Протестирам најави дека ќе има пауза, стотина граѓани самоиницијативно протестираа низ центарот на градот и на спомениците им лепеа плакати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари