ПОЛИЦИЈАТА ДА РАБОТИ БЕЗ ПОЛИТИЧКО ВЛИЈАНИЕ, АПЕЛИРА БРИТАНИЈА ПО НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

    ПОЛИЦИЈАТА ДА РАБОТИ БЕЗ ПОЛИТИЧКО ВЛИЈАНИЕ, АПЕЛИРА БРИТАНИЈА ПО НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТОБританскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон (Фото: АП)

    Велика Британија апелира на македонските државни институции, особено на полицијата, да им биде овозможено да ги извршуваат своите обврски без политичко влијание, имајќи го предвид „неприфатливото насилство од 27 април“, соопшти портпаролка на британското Министерство за надворешни работи (Форин офис).  Британија го поздравува изборот на нов претседател на Собранието и апелира за непречен и ненасилен трансфер на власта на избраната мнозинска коалиција.

    „Обединетото Кралство ја поддржува демократската одлука на мнозинството пратеници во Македонија да го изберат Талат Џафери за Претседател на Собранието. Подготвени сме за претстојната соработка со него. Ги повикуваме сите лица, институции и партии да овозможат непречен и ненасилен трансфер на власта од претходната владеачка партија кон мнозинската коалиција избрана во декември 2016 година. Колку побрзо се формира влада, толку побрзо ќе може да започне спроведувањето на итните реформи за доброто на граѓаните на Македонија“, изјави британскиот Форин офис, и додава:

    „Во време на засилени тензии, сите лидери треба да се воздржат од загревање на етничките тензии. Секое такво однесување е опасно и спротивно на интересите на националното единство на Македонија“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари