ПОМОШТА СОБРАНА ПО ПОВОД 11 СЕПТЕМВРИ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД КОВИД-ЦЕНТАРОТ ВО ТЕТОВО, КАЖА АМБАСАДОРКАТА БРНЗ

    ПОМОШТА СОБРАНА ПО ПОВОД 11 СЕПТЕМВРИ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД КОВИД-ЦЕНТАРОТ ВО ТЕТОВО, КАЖА АМБАСАДОРКАТА БРНЗАмбасадорката донираше крв во рамките на традиционалната акција која секоја година Амбасадата ја организира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија. (Фото: К. Попов)

    Во знак на сеќавање на жртвите од терористичкиот напад во Њујорк на 11 септември 2001, денеска американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз донираше крв. Амбасадорката донираше крв во рамките на традиционалната акција, која секоја година амбасадата ја организира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија.

    „Денеска се сеќаваме на жртвите од терористичкиот напад на 11 септември 2001. Сакам да го изразам моето жалење за пожарот кој се случи минатата недела во Ковид-центарот во Тетово. Сета помош која ќе биде собрана на нашиот пунк во Тетово ќе биде донира на семејствата на жртвите“, кажа Брнз.

    Амбасадорката Брнз упати порака за важноста на волонтирањето, напоменувајќи дека волонтерите имаат голема улога во санирање на последиците и штетите од терористичкиот напад. Подеднакво важни, како што кажа амбасадорката Брнз, се и пожарникарите кои имаа тешко лето и благодарение на нивната пожртвуваност беа спасени човечки животи.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира