ПОРАДИ НОСЕЊЕ ОРУЖЈЕ БЕЗ ДОЗВОЛА ПРИВЕДЕН БЛАЖЕ ПЕТРОВСКИ, ВРАБОТЕН ВО МВР КОЈ БЕШЕ СУСПЕНДИРАН ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ

    ПОРАДИ НОСЕЊЕ ОРУЖЈЕ БЕЗ ДОЗВОЛА ПРИВЕДЕН БЛАЖЕ ПЕТРОВСКИ, ВРАБОТЕН ВО МВР КОЈ БЕШЕ СУСПЕНДИРАН ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛБлаже Петровски, вработен во 6. управа во Министерството за внатрешни работи е под суспензија за нападот на Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

    Блаже Петровски , вработен во Шеста управа во Министерството за внатрешни работи кој беше суспендиран за нападот на Собранието на 27 април, и Александар Василевски-Нинџа денес попладне се приведени од полицијата.

    Неофицијални извори од полицијата за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека полициска патрола запрела возило, во кое биле Петровски и Нинџа. Полицајците приметиле дека Петровски носел револвер, за кој утврдиле дека не бил службен и бил наполнат со муниција, што е спротивно на законските прописи за носење и поседување оружје.

    Двајцата биле однесени во полициската станица во скопската општина Гази Баба, на понатамошно испитување.

    Од МВР не беа достапни за повеќе детали за приведувањето на Петровски и Нинџа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира